Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ
Избори ќе има кога нема да има опасност по здравјето на граѓаните на Република Македонија.
Брзите избори нема да го спасат Зоран Заев.
Зоран Заев веќе е прочитан од граѓаните.
Сите маски на Зоран Заев паднаа. Од бомбите јавноста слушна и како под целосна контрола на Заев и во негова служба е ставено рекетарското СЈО. Во една од снимките тој најавува што натака СЈО ќе прави и како жестоко ќе се справува со неговите политички противници.
Слушнавме и како Заев тргувал со нелегално прислушкуваните материјали раздавајќи ги по луѓе за да уценува политичари.
Македонската јавност доби потврда дека граѓанските организации, и оние финансирани од СОРОС, како граѓанскиот парламент, студентскиот парламент се под контрола на Зоран Заев.
На изборите граѓаните ќе го казнат Зоран Заев и ќе го испратат таму каде што му е местото. Доаѓа време на вистината. Вистината ќе го казни Зоран Заев и неговите криминалии.