Водостоите на реките под просекот за мај

Најголем дел од реките во земјава се со намален водостој во однос на просекот за мај, покажуваат денешните хидролошки мерења на Управата за хидрометеоролошки работи. Двојно е намалено нивото на реката Струмица кај Ново Село, а скоро двојно на реката Лепенец. Под просекот се и водостоите на Вардар, Треска, Пчиња, Крива Река, Црн Дрим и Сатеска. Единствено зголемување од шест сантиметри се бележи кај реката Бабуна кај Богомила. Кај трите природни езера, нивоата се над просекот за мај, но најголемо отстапување има кај Дојранското Езеро кое е скоро три сантиметри над просекот.

Треба да знаете
Последни објави