Децата препознаваат кога родителите ги потиснуваат чувствата

Стресот е вообичаена појава во кругот на семејството, особено сега кога луѓето минуваат повеќе време заедно во изолација, поради пандемијата на коронавирусот. Ново истражување открива дека децата можат да препознаат дали и кога родителите им се под стрес и дека тоа има последици врз најмладите.

Во трудот објавен во американскиот „Журнал” за семејна психологија, Сара Вотерс – доцент на Државниот универзитетот на Вашингтон во Пулман, САД, и нејзиниот тим ги проучуваат односите меѓу родителите и децата на возраст од седум до 11 години. Резултатите говорат дека децата секојпат препознаваат кога нивните родители се обидуваат да ги скријат своите емоции.

Во истражувањата биле вклучени 107 родители, од кои скоро половина биле татковци, и нивните деца. Испитувачите побарале од секој од нив да наведе пет нешта што им предизвикуваат стрес. Родителите и децата имале сензори на нивните тела за следење и мерење на физиолошки реакции. Потоа, ги одвоиле родителите од децата и побарале од секој родител да говори за своите чувства и да гестикулира, за да се види неговата реакција на стресот.

Стручните лица потоа го враќаат детето во просторијата и ги замолуваат да разговараат за претходно избрана тема. Половина од овие родители биле замолени да ги потиснат своите емоции за време на разговорот. Разговорите биле снимени.

Се покажало дека потискањето на емоциите доведува до помала блискост. Додека родителите кријат оти се под стрес, така и нивните деца го менуваат однесувањето.

Истражувањата, исто така, покажуваат дека мајките не пренесуваат стрес на децата, освен ако таа ги потиснува своите чувства. Тогаш негативното влијание е прилично силно. За татковците, тоа не е случај. Научниците објаснуваат дека тоа е така затоа што татковците почесто ги потиснуваат своите емоции, отколку мајките.

Треба да знаете
Последни објави