„Икеа“ ги заострува безбедносните мерки поради видео што се рашири на социјалните мрежи

Шведската компанија „Икеа“ е присилена да преземе повеќе драстични безбедносни мерки, откако на социјалните мрежи се рашири експлицитно видео снимено во Кина, во кое една жена мастурбира во нивната продавница.

Како што опишуваат оние што ја виделе снимката, полугола жена мастурбирала на низа каучи и кревети во продавница, додека купувачите поминувале зад неа, несвесни за тоа што се случува.

Нецензурираната верзија на видеото беше брзо отстранета од кинеските социјални мрежи, но пред тоа беше прегледана девет милиони пати.

„Ние остро се спротивставуваме и го осудуваме ваквото однесување. Веднаш го пријавивме во полицијата во градот во кој се наоѓа продавницата“, рекоа од „Икеа“ .

Тие најавија дека ќе ги заострат безбедносните мерки и ги замолија купувачите да се однесуваат цивилизирано во нивните продавници.

Идентитетот на жената од снимката е непознат, како и личноста што ја снимала.

Треба да знаете
Последни објави