Мандалиниќ интересен за македонските тимови Вардар и Еурофарм Пелистер

Македонските ракометни тимови кои сезонава настапуваа во регионалната СЕХА-лига и во Лигата на шампионите, Вардар и Еурофарм Пелистер се заинтересирани за услугита на хрватскиот интеранционалец Стипе Мандалиниќ. Хрватскиот репрезентативец Мандалиниќ (27 г.) моментално е без клуб откако го раскина догворот со бундеслигашот Фуксе Берлин.

Ова го инцираше битолскиот прволигаш кој за тренер го има поранешниот хрватски селектор Жељко Бабиќ да тргне по ангажман левиот бек кој е во потрага по нова средина.

Покрај македонските екипи интерес за Мандалиниќ има и од страна на белорускиот Мешков Брест.

Мандалиниќ за Фуксе Берлин настапуваше од 2017 до 2020 година, а претходно ги бранеше боитер на Загреб, Карловац и Сплит.

Битолчани пак додека преговараат со Мандалиниќ, го потврдија трансферот на малдиот хрватски ракометар Матео Мараш. Тој има 20 години и игра на десната бековска позиција.

Треба да знаете
Последни објави