Научниците направиле калкулатор кој ја пресметува веројатноста од смрт од коронавирус

Полските научници направиле калкулатор кој ја пресметува веројатноста од смртен исход во случај на зараза со коронавирус, пренесува „Спутник“.

Според претставничката на Поморскиот научнотехнолошки парк, Магдалена Маларе-Шчвитињска, програмата ги зема предвид возраста и полот на заразениот како и податоци за основните четири типа хронични болести.

Меѓу хроничните болести што калкулаторот ги зема предвид се кардиоваскуларните болести, високиот крвен притисок, дијабетесот и карциномите. Таа вели дека во создавањето на калкулаторот учествувале лекари и епидемиолози.

„Ризикот од заразување со Ковид-19 зависи од стилот на живеење и од болестите што се поврзаи со него, вклучувајќи ги прекумерката телесна тежина, дијабетесот, хипертензијата и компликациите од тие болести. Најновите податоци покажуваат дека смртноста кај луѓето без хронични болести е помалку од 1 отсто од смртните исходи од Ковид-19,“ истакна главниот креатор на калкулаторот, докторот на медицински науки Петар Бандош.

При тестирањето на калкулаторот воочено е дека ризикот од смрт од Ковид-19 кај маж на возраст од 30 години и без хронични болести е 0,03 отсто, а кај жена е 0,02 отсто. Кај мажуте на возраст од 80 години со дијабетес и со карцином ризикот се зголемува на 25,86 отсто кај мажите и 14,3 отсто кај жените.

Треба да знаете
Последни објави