Бујар Османи во неговото денешно гостување на ТВ 24 најави дека утре веројатно ќе има олабавување на мерките, ако утрешните бројки не се драматични.
„Одредена анализа на Комисијата за заразни болести покажа неколку аспекти во смисла на бројката за денеска да кажат дека има услови делумно да се олеснат мерките во одредени сегменти и тој предлог на Комисијата утре ќе се разгледа на седница на Владата. Јас очекувам ако не се случи нешто лошо, драматично, во смисла на влошување на состојбата со бројките утре за одредени сегменти кои се помалку ризични да се олесни функционирањето“
Во однос на градинките тој рече дека има дебата и оти е потребно внимателно да се одлучи. Во однос на рестораните, вицепремиерот рече дека дебататите траат.