Претседателот на шпанската фудбалска Примера Хавиер Тебас најави дека ќе се игра фудбал секој ден од моментот кога ќе биде дозволено продолжението на сезоната која беше прекината поради пандемијата со коронавирусот. Фудбалерите во шпанските клубови веќе почнаа со индивидуални тренинзи, а масовното тестирање на коронавирус покажа петмина позитивни фудбалери. Плановите за продолжување на сезоната остануваат и тоа очекуваат да се случи наскоро.
-Ќе има фудбал секој ден до самиот кра на првенстовто. Ако сите се придржуваме до правилата, мислам дека нема да имаме никакви проблеми. Никој не знае кога ќе почнеме да играме повторно. Тоа ќе зависи од новите случаи на коронавирус и правилата кои ќе мора да бидат почитувани. Вирусот и натаму е присутен. Ако има можност да почнеме со игра на 12 јуни, тогаш тоа е во ред. Нема да имаме навивачи на стадионите, но планираме нови идеи и иницијативи за навивачите да можат да уживаат од своите домови. Здравствените власти ќе мора да дадат зелено светло за враќање на фудбалот. Имаме обврска да се вратиме на економските активности по штетите кои ги доживеавме. Соопштението на Еибар? Во сите соблекувални има чувство на страв, ние тоа мораме да го почитуваме , вели Тебас.