Тешко ранет полицаец во Битола, самиот се застрелал од невнимание

На 10.05.2020 околу 09.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на паркинг простор пред угостителски објект на улицата Македонска фаланга во Битола, еден полициски службеник од невнимание испукал еден куршум од службениот пиштол, при што се самоповредил.

Повредениот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. За настанот е запознаен Јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

 

Треба да знаете
Последни објави