Руската полиција соопшти дека го уапсила сопственикот на приватниот дом за стари и немоќни лица во Красногорск, откако во пожар смртно настрадаа деветмина корисници на домот, а други девет се тешко повредени.
Истражителите веруваат дека до пожарот дошло поради неисправна електрична инсталација во домот, кој се наоѓа во широк московски регион.
„Пронајдени се телата на девет луѓе на возраст од 66 до 90 години, а уште девет се хоспитализирани“ соопштиле руските власти.
Отворена е истрага за крешење на безбедносните прописи со смртни последици, се наведува во соопштението.
Во моментот на избивањето на пожарот во објектот имало 37 луѓе.



