Возење точак е негова рутина која помага да се одржи во форма a воедно и да се опушти надвор од карантинот во услови на пандемија на коронавирус.
Во неделата, на Денот на мајката, Арнолд Шварценегер (72) излезе со девојката Хедер Милиган (45) и неговиот добар пријател Ралф Молер, и тројцата возеа велосипеди низ улиците на Лос Анџелес.
Поранешниот гувернер на Калифорнија го водеше триото во најголем дел од патот додека се пробиваа низ елитната населба Брентвуд и пошироко.
Шварци реши да не носи заштитна маска, но тој и Хедер и Ралф се придржуваа кон упатствата за соодветна физичка дистанца во текот на нивната екскурзија.
Режимот на вежбање започна со неколку вежби за истегнување, откако го паркираше својот џип теренец, а потоа тргнаа.