Банкротира една од најстарите авиокомпании во светот

Колумбиската авиокомпанија „Авијанка холдингс“, втората по големина латиноамериканска компанија и една од најстарите во светот, поднесе барање за банкрот.

До ваквата ситуација дошло поради почнување на рокот за исплата на обврзниците, а колумбиската влада не одговорила на барањата за помош.

Доколку не успее да излезе од банкрот, „Авијанка“ ќе биде еден од првите најголеми авиопревозници во светот што ќе пропадне поради пандемијата на коронавирус, која предизвика пад од 90 проценти во глобалниот воздушен сообраќај.

„Авијанка“ од март не сообраќа на редовните линии, а повеќето од 20.000 вработени не земаат плата уште од почетокот на кризата.

Портпаролот на „Авијанка“ за „Ројтерс“ изјавил дека компанијата сè уште се обидува да обезбеди државни заеми.

Треба да знаете
Последни објави