Најмалку пет лица биле застрелани вчера во парк во Тексас во кој била организирана забава со 600 лица и покрај пандемијата на коронавирус, пренесува „Њујорк пост“.
Пукањето се случило околу 18:30 часот во „Вилиџ Крик Парк“ во Форт Ворт, посочува „Форт Ворт Стар Телеграм“, повикувајќи се на извори во полицијата.
Две од жртвите биле сериозно повредени. Другите се здобиле со животно незагрозувачки повреди. Сведоците изјавиле во полицијата дека се слушнале околу 30 истрели откако во паркот бил активиран огномет.
Парковите на Форт Ворт се отворени, но градот ги повика луѓето да останат на дистанца на зелените површини.
Funky Town Tx 😂😂😂 pic.twitter.com/9KEif8y14N
— B (@Basell34) May 10, 2020
Драматично видео објавено на Твитер покажува како луѓето се разбегуваат од паркот откако се слушаат бројни истрели.