Ги замолувам поддржувачите на СНС и на Двери да не се собираат барем до крајот на мај, истотака штрајкувањата на глад на дел од политичарите рече српскиот претседател Александар Вучиќ на денешната прес-конференција по повод протестот пред српското Собрание.
– Вечерва се одржува собир во близина на Собранието, а таму се собрале повеќе од 5.000 приврзанци на СНС и 65 на Двери. Сакам да ги замолам да не се собираат барем до крајот на мај. Организатор не е СНС, туку друга организација. Јас ги сакам тие луѓе, но ова не е одговорно однесување. Ние сакаме да го заштитиме здравјето на граѓаните, а за тоа потребно ни е единство. Знаеме кој го сочинува мнозинството во Србија, тоа е прикажано на изборите. Но, сега сè уште се бориме против епидемијата со коронавирусот – рече Вучиќ.