Политичката партија Единствена Македонија порача дека гласањето на парламентарните избори треба да се одвива по електронски пат, од дома, со цел да биде обезбедено масовно гласање.
Партијата на Јанко Бачев, го упати барањето пред утрешната лидерска средба кај претседателот, Стево Пендаровски.
„Избори во неприродни услови за време на пандемија со коронавирсуот, со маски, ракавици, големи редици и т.н социјална дистанца ќе доведе до мала излезност што ги прави изборите нечесни и нелегитимни. Гласањето со маски и ракавици потсвесно делува кај луѓето дека можат да бидат заразени и во ситуација да бираат меѓу здравјето и гласањето, нормално ќе го одберат здравјето. Единствена Македонија ги повикува актерите на утрешната т.н. лидерска средба кај Пендаровски да прифатат електронско гласање од дома, со што се обебзбедува масовно гласање, и ајде сите на избори“, велат од партијата.
Оттука го осудуваат форматот за утрешната средба кај Пендаровски.
„Ја користиме приликата уште еднаш да го осудиме форматот на утрешната средба кај Пендаровски со две македонски и дури пет албански партии кои треба да одлучуваат за изборите и изборната кампања за сите учесници на изборите“, велат од Единствена Македонија.