Заев призна дека финансирал и плаќал младински движења и организации за да дојде на власт

Интегрален текст од изјава на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Зоран Заев е човек кој што си го пцуе сопствениот народ, а оној кој тргнал против сопствениот народ никогаш не поминал добро, а нема да помине ниту Заев.

Објавените аудио записи во медиумите за Зоран Заев се уште една потврда дека на крајно лицемерен начин ги манипулирал младинските движења, односно студентското и средношколското, со тоа што директно ги контролирал и влијаел врз нивните одлуки.

Токму на ова место се наоѓа Студентскиот Парламент, студентска организација чиј интегритет го урна Зоран Заев преку своите платеници за кои и сам призна дека ги финансирал и дека биле негови. Како на пример Ивана Туфегџиќ, која 3 години нема збор кажано за правата на студентите и средношколците. Впрочем тоа и беше намерата на Туфегџиќ, исто како и на Зоран Заев, единствено да дојде на власт и да седне во фотелја која што ќе и биде удобна и нема да мисли на никој друг и на ништо друго.

Кога вели Зоран Заев „сите организации се мои”, најверојатно мисли дека се негови само затоа што самиот лично ги финансирал и ги плаќал истите. Истите тие кои се декларираа како лидери на организациите и на движењата и кои дивееја и кршеа државен имот низ држава за време на тие протести. А, истовремено да заведуваа и стоитици недолжни студенти и средношколци, а да не заборавиме дека во овој ист кош се и дел и од професорите кои ги заведуваа и манипулираа студентите, кои денес важат за професори кои имаат антинационални настроени интереси.

Лицемерието кое го гледаат граѓаните, а особено младите, идната интелегенција на оваа држава која што треба да сегради и развива тука, е доволна причина да не размислуваат истите тие млади луѓе за градење на иднината тука во Република Македонија. И да размислуваат за фаќање на првиот авион за да избегаат од држава.

Зоран Заев е лицемерието и злото во Република Македонија. Зоран Заев мора уште веднаш да си оди од политиката, за да се спасат државата и граѓаните од него. Добра вест е што ќе изгуби на следните избори кога и да бидат и ќе го снема засекогаш од политичката сцена. Лицемерието никој нема да му го прости.

 

 

            Прашање: Дали по излегувањето на предлогот за избори на 14-ти јуни од страна на Зоран Заев, дали ВМРО-ДПМНЕ има предлог датум и дали се довршени анализите со кои што треба да настапиме на лидерската средба?

            Одговор: Морам да истакнам дека ова е премногу важно прашање за да се наддаваме медиумски и за да се расфрламе со предлог датуми како Зоран Заев бидејќи ова не е пазар каде што се преговара за цени на овошје и зеленчук, ова е премногу сериозна тема. ВМРО-ДПМНЕ има направени анализи, има подготвено одредени поенти кои што ќе бидат утре дискутирани на лидерската средба организирана од страна на Стево Пендаровски која што ќе се одржи така да ве молам да почекаме до утре каде што најпрво ќе се дискутира, а веднаш потоа ќе излезат со став лидерите на партиите и Стево Пендаровски.

 

Треба да знаете
Последни објави