Патувањето доколку некој се одлучи ова лето да го реализира ќе биде невообичаено и многу поскапо ќе чини. Најпрво патничкото осигурување нема да ги покрива трошоците за за лекување ако се заразите од коронавирусот во земјата каде сакате да заминете, а ако во меѓувреме договорат некоја полиса да покрива и вакви услуги, таа сигурно ќе чини многу сакпо. Како второ некои држави веќе одредија цени за тестовите за корона со кои ќе се влегува во соседството, ама и ќе треба да се прави тестирање и кога ќе се излегува од таму за да не се оди во задолжителниот карантин од две недели кога ќе пристигнете дома. Тоа значи дека сите оние кои ќе сакаат да патуваат летово ќе треба и добро да платат, но и да почекаат државиве барем во регионов заеднички да ги догворат условите и да ги крената рампите. Поединечно решавање на проблемот со отворањето на границите нема да го реши патувањето без бариери.
Во Србија за да се влегува ќе биде неопходен да се има негативен корона-тест не постар од три дена. Овој тест кај северниот сосед да се направи ќе чини 6.000 динари или 50 евра.
Во БиХ според тамошните медиуми за да се направи тестото ќе треба да се плати 200 км или 100 евра.
Словенија за ваквиот тест најавува дека ќе го наплаќа по 20 евра.
И Црна Гора која посакува да ја почне туристичката сезона за да спаси колку може да се спаси од економските последици во оваа дејност најавува дека тестовите ќе ги прави за минимална цена.
За разлика од Црна Гора и Хрватска сака да ја рестартира туристичката сезона, но од таму се најавува дека овој тест ќе чини 200 евра, иако првично се споменуцаше цена од 100 евра.
Грција засега најавува цена на чинење на задолжителниот тест од околу 120 евра. Во екот на пандемијата се спомнуваше и цена од 300 евра, но министерот за здравство кај јужниот сосед Харис Теохарис најавува дека е можно цената за задолжитениот корона-тест во екот на туристичката сеона да падне и на 10 евра.
Во Австрија ќе се нуди правење на тестото на аеродромот во Виена за да не се оди во карантин од две недели по цена од 190 евра.
Германија најавува цена од 200 евра за корона-тестот.