Во старечки дом во местото Красногорск, во непосредна близина на Москва, ноќеска избувнал пожар во кој загинале десет лица, а причината била неисправни инсталации, соопшти Истражниот комитет на Одделот за истраги на московскиот регион.
„Според првичните податоци, пожарот избувнал поради неисправни инсталации”, за Тасс изјавија иследниците.
Покрената е истрага за пожарот во домот, лоциран во приватна куќа, за да се испита дали биле исполнети сите безбедносни услови.
Домот работел нелегално во колиба изнајмена од неименувано лице.