Двајца моторџии завршиле во болница, во две сообраќајни несреќи вчера во реонот на Градско, информираше МВР.
-На 10.05.2020 во 11.35 часот било пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, во близина на село Дебриште, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „кавасаки“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од В.Д.(30) од Прилеп и трактор „масеи фергусон“, со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ј.Б.(51) од Дебриште, кавадаречко. По незгодата мотоциклистот бил пренесен во Општата болница Кавадарци за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес, велат од МВР.
Втората сообраќајна несреќа се случила околу 12.30 часот на автопатот Велес–Градско. Тогаш автомобил „мерцедес“, управуван од К.Е.(56) од село Сливник се судрил со мотоцикл „јамаха Р6“, со велешки регистарски ознаки, што го управувал Ѓ.П.(21) од Велес.
По незгодата мотоциклистот бил пренесен во Општата болница Велес за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.