Полицискиот час да биде на сила уште две недели до 23 мај, но од следната недела да почнува од 21 часот предлага Комисијата за заразни болести до владата, дознава Слободен печат.
Ограничувањето на движењето неделава да остане исто како и досега, но од следната недела полицискиот час да почне од 21 часот.
Информациите се засега неофицијални, а Комисијата се очекува да ги објави утре.
Трговските центри и кафеаните да работат од 10 до 18 часот освен во недела, со посебен протокол. Пробувањето на облека во трговските центри ќе биде забрането