Младиот 19-годишен фудбалер на италјанскиот калчолигаш Аталанта, Андреа Риналди, го загуби најважниот натпреавр за животот. Риналди беше примен во болница во Варезе поради мозочен аневризам (крварење), но состојбата му се влопила и утрово кога тој починал.
Момчето во петокот колабирало и веднаш било префрлено на одделението за интинзивна нега во болницата во Варезе. За време на викендов се појави информација дека тој починал во моментите кога докторите се бореле за да му го спасат животот по приемот, но неколку часа подоцна таа информација беше демантирана.
Неговата состојба во неделата се влошила по што утринава ја загубил најважната битка во животот.
-Андреа, нашиот сакан воин не напушти. Си замина со неполни 20 години. Ова е шокантна трагедија, објави Аталанта, која младиот фудбалер во оваа сезона го имаше позајмено во Лењано во Серија Д.