Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари за ТВ 24 изјави дека нивнииот став е дека изборите, за доброто пред се на граѓаните, треба да се одржат на крај на јули или почеток на август и дека предлогот на владејачката СДСМ за 14 јуни е некоректен.
– Тоа ќе биде нашиот предлог на лидерската средба, но повторно ќе ги слушнеме сите, ќе разговараме и се надевам дека ќе стигнеме до консензус како што беше случај за 12 април, за одложување на изборите поради КОВИД-19 и сега се надевам дека ќе најдеме заедничко решение. Мислам дека предлогот на СДСМ за 14 јуни е некоректен. Пред се затоа што границите на ЕУ се отвораат на 15 јуни, значи еден ден претходно, односно некоректно е кон граѓаните кои што живеат или работат во било која држава надвое од Македонија, вели Таравари.
Дали е погоден нивниот предлог за датум со оглед на тоадека повеќето од граѓаните се на годишни одмори, Таравари смета дека поради ситуацијата со коронавирусот, одмори оваа година нема да има.
– По се она што се случува, денеска се тестирани многу малку пациенти, 140, и тоа е јас мислам намерно за да излезе 10-20 отсто и денеска излегоа повеќе од 10 отсто позитивни од тие што се тестирани и некако се брза да се оди на избори и јас мислам дека оваа година одмори нема да има, ретко некој ќе смее или ќе може да оди надвор од државата поради состојбата со коронавирусот. Мислам дека и туристичките места ќе бидат лимитирани со броеви и мислам дека туризмот оваа година ќе биде внатре во државата, смета генералниот секретар на Алијансата