Русија и САД разгледуваат соработка околу пандемијата на коронавирусот, изјави за Тасс рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
Според него, Москва и Вашингтон наскоро би можеле да почнат да соработуваат и да се поддржуваат едни со други за борба против коронавирусот и во тек се разговори ма таа тема.
– Прашања за помош и соработка во рамки на специјалните агенции од таа област се на агендата на нашиот дијалог, нагчаси Рјабков.