Турција: Неселективните напади на либискјите сили на маршалот Хафтар се воено злосторство

Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека нелегитимни сили на маршалот Калифа Хафтар ќе ги смета за легитимна цел доколку се загрозат нејзините интереси во Либија.

Нападите на силите на Хафтар, кои беа насочени кон дипломатски претставништва, вклучително и турската амбасада во Триполи, аеродромот Митига, цивилните авиони што се подготвуваат за полетување и друга цивилна инфраструктура, претставуваат воени злосторства, се вели во соопштението.

Истакнувајќи дека припадниците на силите на Хафтар неселективно ги интензивираат нападите, особено во главниот град Триполи, турското Министерство за надворешни работи соопшти дека е неприфатливо Обединетите нации да продолжат да дејствуваат по овие напади во Либија.

Понатаму официјална Анкара наведува дека земјите кои обезбедуваат воена, финансиска и политичка поддршка на Хафтар, исто така, се одговорни за насилството и нестабилноста во таа земја.

Во соопштението се вели дека Турција ќе продолжи да ја поддржува легитимната Влада на националното единство, со седиште во Триполи, и нејзините институции во Либија, пренесе агенцијата Анадолија.

Најмалку шест цивили загинаа во саботата во ракетните напади од страна на силите Хафтар на меѓународниот аеродром Митига во Триполи.

Треба да знаете
Последни објави