Неколку клубови од италјанската фудбалска Серија „А” не ги плаќале своите играчи од јануари, пренесува „Фудбал Италија”. Зборуваме за најмалку шест од елитните екипи. Тие не ги платиле своите играчи во последните три месеци, бидејќи не можат да се согласат со нив за прашањето за намалување на платите заради кризата со коронавирус.
Имињата на овие клубови не се откриени во Италија.
Информциите велат дека играчите бараат од нивните претставници да гарантираат дека средствата добиени од кратењата на платите ќе одат за помош на персоналот или ќе бидат насочени кон полупрофесионални или женски тимови.
Според публикацијата, некои клубови решиле да ги замрзнат платите за време на преговорите. Како што е познато, Серија А беше тешко оштетена од пандемијата. Заразени со опасниот вирус имаше во најмалку 3 од екипите.