Ангеловска: Целосно реализирана првата бескаматна линија кредити, поддржани 738 фирми со 5,54 милиони евра

Целосно е реализирана првата бескаматна линија кредити за поддршка на ликвидноста на микро, малите и средни претпријатија од најзагрозените сектори – угостителство, туризам и сообраќај, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејсбук профил.

-Со првата кредитна линија поддржани се:  738 микро, мали и средни компании, 6.524 вработени, наведува министерката.

Додава дека просечен износ на даден кредит е 7.500 евра, додека вкупниот износ на доделени кредити преку оваа линија е 5,54 милиони евра.

-На фирмите од сите сектори им стои на располагање и втората линија бескаматни кредити преку @razvojnabankanasevernamakedonija , а повеќе информации за оваа линија на  bit.ly/8-milioni-beskamatni-krediti, истакнува министерката Ангеловска.

https://www.facebook.com/nina.angelovskaa/photos/a.119268402783697/261421955235007/?type=3&eid=ARDLn9alkM3kw9GNszyiJLx2aONzuEBsUxxT9QO9voD9JyQIJWJamxFpryWezKb6ruLLuPtk2lU8S683&__xts__%5B0%5D=68.ARCfhMxUoFseNZ-ADuxC4cVioXjaIqwg08qfh4KO3iv2beQAUX4mYYOGi9DqbmTkukB4imLSqM-Alz1eYyFUpp134xgSDHRhfw-U5Zu39FpcHw-jhsxyTzFRI8_sSTCOaGVW6Z97579KNRXD3nynOQFnLPU1tupS1TGV9VjiwisbJ8ITL7nPI2kFaO23VvG11bc5oUFduQICfe0krbKVXILehB0mhupqcls7D4HLpHpy79I4PjChGSRAa0KabpxTcEIDvRu8am2doQSIxBl-CsaCJrTVO3xgAd5pa8oEJ0vnkgH58FBWn4SxK9esamwq4modI_MQkY6tPux93RdeA9M&__tn__=EEHH-R

Треба да знаете
Последни објави