(Видео) Вооружано лице со пушка направило паника во кафетерија на Врачар

Маж вооружан со автоматско оружје синоќа пристигнал на терасата од една популарна кафетерија во белградската населба Врачар да се пресмета со „должници“ од спротивните кланови.

Кога гостите воочиле дека лицето со себе носи автоматско оружје – пушка за која се претпоставува дека е „узи“ или „хеклер“ сите почнале панично да бегаат од страв за да спасат жива глава пренесуваат српските медиуми. Вооружениот гостин не обрнувал внимание на никого и хаосот кој настанал во кафетеријата, туку само прошетал низ локалот. Во тој момент завладеала опшата паника, па неколкумина од гостите дури прескокнувале преку столовите за да побегнат и да се скријата од вооружениот гостин. Во тие панични моменти некои од гостите почнале да легнуваат на земја !

Две лица кои седеле на терасата веднаш почнале да бегаат и засолниште побарале криејќи се под шанкот. Според нивната реакција лицата кои побегнале делувале како да се познаваат и дека вооруженото лице дошло поради нив на терасата.

Човекот вооружен со автоматското оружје набрзо ја напуштил терасата и заминал во непознат правец. Но, она што во ови панични слики било забележително е и едно лице кое без никаква нервоза и страв продолжило да разговара на својот телефон !

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави