Во исто време кога Заев лицитираше со датуми за избори фрлени од ракав, кажа дека здравјето на граѓаните е најважно.
Лицитирањето со датуми значи лицитирање со изгубени човечки животи поради корона вирусот. Заев е неискрен и сака по цена на здравјето на граѓаните да има избори по секоја цена затоа што така се надева и бори за помал пораз.
Ниту една од работите која ја соопшти во изјавата нема правна издржаност и си ги толкува работите погрешно од аспект како што него му одговара.
Со што Заев покажа дека се однесува незрело и несериозно. Единствено позитивно е што се прифати планот на Мицкоски во 4 точки со кој се гарантира заштита на здравјето на граѓаните.