Владата на денешната седница го прифати усогласениот текст на амандманот бр.3 на Договорот за грант меѓу нашата држава и САД, од програмата УСАИД, кој го зголемува износот на средства за дополнителни 15.929.675 долари.
-Владата ја разгледа и усвои информацијата и го прифати усогласениот текст на Амандманот бр.3 на Договорот за грант меѓу Република Северна Македонија и САД, од програмата на УСАИД, за развојната цел: „Република Северна Македонија е просперитетно, самоодржливо и инклузивно демократско општество”, соопшти Владата
Со овој амандман на Договорот за грант, од Владата посочуваат дека УСАИД го зголемува износот на средства кои ги доделува со дополнителни 15.929.675 долари, кои ќе бидат наменети за поддршка на растот на приватниот сектор, за поголема вклученост на информирани граѓани, за програми за добро владеење, како и за проекти за подобра кохезија во општеството.