Грција ќе добие помош за бегалците кои се наоѓаат во нејзините кампови, преку Цивилниот механизам за заштита на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.
Чешка, Данска, Франција и Холандија преку овој механизам ќе испрати контејнери и медицинска нега за бегалците загрозени од коронавирусот во грчките бегалски кампови.
-Пандемијата од коронавирусот за засега цела Европа, вклучително и бегалците и мигрантите во Грција. Им се заблагодарувам на Чешка, Данска, Франција и Холандија што понудија помош за побезбедни простории за живеење и подобра здравствена нега за оние на кои им е потребна. Заедно можеме подобро да ги заштитиме ранливите мигранти и бегалци од вирусот, изјави Јанез Ленарчич, еврокомесар за хуманитарна помош на ЕУ.