Кина ги укина царините на уште 79 увозни призводи од САД

Кина денеска објави нов список со 79 американски производи што ќе бидат ослободени од царините воведени во екот на билатералната трговска војна, како резултат на натамошниот притисок од Вашингтон врз Пекинг за зголемување на увозот од Соединетите Американски Држави.

Кинеското Министерство за финансии соопшти дека новото ослободување ќе стапи на сила на 19 мај и ќе трае до 18 мај 2021 година.

Најновиот список на производи на кој нема да се применуваат царините вклучува ретки рудни минерални суровини, како и руди од злато, сребро и концентрат.

Министерството не соопшти за вредноста на увозот на тие стоки.

Пекинг во февруари објави дека ќе одобри ослободување од давачки за 696 американски производи, вклучително и клучни производи, како што се соја и свинско месо, врз основа на барањата на компаниите за увоз.

Главните трговски преговарачи на Пекинг и Вашингтон минатата недела разговараа телефонски за спроведувањето на првата фаза од договорот потпишан во јануари.

Со договорот, Кина се обврза да го зголеми откупот на американска стока за 200 милијарди долари во текот на две години во однос на 2017 година, што беше земена како база, при што увозот се зголеми за околу 77 милијарди долари во првата година и 123 милијарди долари во втората.

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го раскине договорот доколку Кина не ги исполни своите обврски во врска со набавките. 

Треба да знаете
Последни објави