Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев не е сигурен дали ќе стави крај на кариерата по завршувањето на сезоната. Пандев ова го соопштил во разговор со познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио.
-Тука во Џенова луѓето навистина ме сакаат и желба ми е кариерата да ја завршам во
најстариот клуб во Италија. Сакаме да избориме опстанок. Што по оваа сезона? Пред
пандемијата реков дека сакам да ја спасам Џенова од испаѓање и потоа да заминам во
пензија. Сега само се надевам дека ќе заврши оваа ситуација , а потоа ќе видиме што ќе
се случи, изјавил Пандев.
-Во моментов имам планот да ја завршам кариерата на крајот од сезоната. Си
замислувам дека прошталниот меч ќе ми биде пред полни трибини, поминав пет убави
години тука, сакам да им се заблагодарам. Дадов сѐ за овој тим, посакувам да му кажам
збогум на фудбалот пред навивачите на Луиџи Ферарис“.