УЕФА не размислува да го менува квалификацискиот систем за Лигата на шампионите

Унијата на европските фудбалски асоијации (УЕФА) се огласи да потврди дека ниту размислувала, ниту пак има намера да ги менува квалификациите во елитното клупско натпреварување Лигата на шампионите. Клубовите кои ќе се стекнат со правото на учество ќе играат неколку кола како што беше случај досега – пренесува Скај спорт.

-Никогаш не сме ја разгледувале таа варијанта да им го скратиме правото на националните шампиони преку  квалифиакциите на теренот да се изборат за место во групната фаза од Лигата на шампионите. УЕФА ја следи ситуацијата и секое потенцијално влијание на форматот за реализација на квалифиакциите од натпреварувањето за наредната сезона. До сега не постојат никави посебни услови за да се бара нов формат за организирање на квалифиакциите за европските клупски наптпреварувања – се вели во соопштението на УЕФА.

 

Треба да знаете
Последни објави