Даниел Кајмакоски по разводот од Кристина Димитриевска се посвети на својата музичка кариера.
Имено, тој веќе подолго време живее во Србија каде што често настапува заедно со својот бенд, како во Србија така и во соседните земји…
Пред неколку дена во Србија беше укината вонредната состојба, а граѓаните придржувајќи се кон мерките за заштита излегоа на улица, во кафулињата, рестораните, трговските центри, козметички салони….
Многу од познатите едвај чекаа да заврши ситуацијата за излезат надвор, а Кајмакоски го искористи убавото време за да ужива.
Пејачот седна на „пијачка“ на „Ада Циганлија“, остров на реката Сава во Белград, кој по вештачки пат е претворен во полуостров
Тој на социјалните мрежи објави фотографија како пие пиво, но не откри кој му прави друштво.
Преземено од vistina.mk