Во тек е растоварување и санација на косини на автопатот А4 Миладиновци–Свети Николе–Штип коишто се појавија по обилните врнежи од дожд и снег во текот на изминатиов период. Тоа предизвика неконтролирано слегнување на земјиштето по косините и нивно оштетување, соопшти денеска Јавното претпријатие за државни патишта.
Ова, истакнуваат во соопштението, е како последица на одредени пропусти при изработката на проектната документација своевремено, согласно со кој е изведен автопатот А4 Миладиновци–Свети Николе–Штип во минатото.
-Согледувајќи ја оваа состојба, а во интерес на граѓаните и заради нивна безбедност во сообраќајот Јавното претпријатие за државни патишта изврши интервентна јавна набавка за итна санација на 12-те свлечишта. ЈПДП започна со вршење на работите за санација на свлечиштата и во моментов во тек е санација на косините на автопат А4 Миладиновци–Свети Николе–Штип со цел поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, информираат од ЈПДП.
Воедно, соопштуваат дека со извршеното пошумување на 30 хектари при што се засадени околу 600 илјади садници на косините на автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип кое е направено од страна на ЈПДП дополнително ќе се придонесе за нивна стабилизација и заштита од ерозија