(Видео) Лидерите немаа температура, можеа да влезат кај Пендаровски

Во моментот во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски почна лидерската средба за терминот на одржување на предвремените парламентарни избори, кои беа закажани на 12 април, но беа одложени со уредба на Владата поради прогласувањето вонредна состојба и ширењето на ковид-19.

Како што е редот, пред влезот во Кабинетот на лидерите на политичките партии, како и на претставниците од власта им се измети телесната температура.

Од приложеното видео од кабинетот може да се види дека прегледот го поминаа и  учесниците на средбата кои беа во самоизолазија.

Поради запазување на мерките за превенција од коронавирусот средбата се одржува на отворено под тенди, на балкон од Вилата Водно. Сите учесници на средбата се со маски и седат на растојание еден од друг. На средбата присуствуваат претседателите на СДСМ Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, на Алтернатива Африм Гаши, на Движење Беса Билал Касами, како и претставници на ДПА.

Треба да знаете
Последни објави