Денеска без договор за датумот за изборите, нова лидерска следната недела

На почетокот на наредната недела ќе има уште една лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски, ова е договорено на денешната средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски. Договор за нов датум за парламентарни избори на оваа средба немало, соопштија дел од лидерите кои присуствуваа на средбата.

Било договорено да бидат побарани дополнителни информации за можноста за организирање избори од Комисијата за заразни болести, од Државната изборна комисија (ДИК), како и информација дали и кога во земјата ќе можат да допатуваат претставниците на ОБСЕ/ОДИХР.

На средбата присуствуваа претседателите на СДСМ Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, на Алтернатива Африм Гаши, на Движење Беса Билал Касами, како и претставници на ДПА. На средбата беа и премиерот Оливер Спасовски и претседателот на Собранието, Талат Цафери.

Мицкоски започна со фактот дека ако еден човечки загубен живот е цената со којашто треба ВМРО-ДПМНЕ да победи на следните избори, а јас да го добијам следниот премиертки мандат, тогаш одбивам да бидам дел од таквата процедура.

-Така ја почнавме лидерската средба, дека не е важен изборниот процец, не се важни изборите, туку здравјето на граѓаните. Имајќи предвид како се одвиваше дискусијата, предложивме план како да дојдеме до кредибилен процес,а  сепак здравјето на грашаните да  не биде загрозени, граѓаните да не бидат изложени на ковид-19, а со тоа да ги заштитиме човечките животи, а воедно да избереме фер и кредибилен процес- рече Мицкоски.

Ахмети рече дека дискусиите биле многу плодни и детално ја анализирале состојбата во земјата.

-Ние сме во воена состојба со невидлив пријател, тоа е коронавирусот. А во воена состојба збор имаат генералите, во ситуацијава тоа се здравствените експерти. Мерките што ги препорачаа останува да се почитуваат. Ќе го почекаме нивното мислење, а со тоа останува следната недела да имаме уште една лидерска средба и да се договориме за датумот за избори, рече Ахмети.

Заев рече дека нема поважна работа од здравјето на граѓаните. Кажа дека опозицијата денеска не била подготвена да зборува за датуми. Според него, есента е ризична за одржување на избори.

-Сите се согласивме дека ќе мора да живееме со коронавирусот, затоа што ниту во светот, ниту во Европа, ниту во Северна Македонија никој не може да каже кога ќе заврши коронавирусот, вели Заев.

Претседателот на Алијансата за Албаците, Зијадин Села смета дека Северна Македонија не може да си дозволи да одржи избори без присуство на наблудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР.

-Државата ќе се обрати до оваа меѓународна институција  за да ја види нивната подготвеност и времето кога тие може да ја пратат нивната набљудувачка мисија. Истовремено потребни се советувања со Државната изборна комисија, во врска со изборите. Во почеток на идната недела се договоривме да имаме нов состанок кај претседателот со цел да се договориме за финалната дата за изборите заедно и со консезус, изјави Села.

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, исто така наведе дека со оглед на фактот дека тие како партија се во коалиција со Алијанса за Албаците, нивните ставови во средбата кај претседателот биле слични, односно тој потенцираше дека најбитно е здравјето на граѓаните и дека изборите треба да се одржат кога ќе има најдобри услови со цел што помалку граѓани бида изложени на опасности.

Треба да знаете
Последни објави