Десетици жртви во напад во источен Авганистан

Бомбаш-самоубиец денеска влегол во погребна поворка и активирал експлозив, при што, според првичните информации, загинале и се повредени 40 лица.

Локалните власти соопштија дека десетици луѓе загинале или се повредени во самоубиствен напад на погреб во источен Авганистан.

Напаѓачот активирал експлозив среде погребна поворка во областа Кева, изјави Атахулах Когјани, портпарол на гувернерот на провинцијата Нангархар.

– Според првичните информации, во нападот има близу 40 убиени и повредени лица, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави