Елена Ристеска по теркот на повеќето светски ѕвезди 

По теркот на повеќето светски ѕвезди и пејачката Елена Ристеска лансираше парфем со својот потпис.

Елена ѝ ги претстави на јавноста женскиот и машкиот парфем од својата козметична линија „Ера“.  Пејачката ги најавува веќе извесно време, а сега ексклузивно ги објави на своите профили на социјалните мрежи.

– Последниве две макотрпни години посветени на мојот бренд „Era cosmetics“. Едвај чекам да ви го претставам она поради кое ја ставив привремено во втор план музиката, кажа Елена во едно нејзино телевизиско интервју.

https://www.instagram.com/p/CAA-THmpWVz/

Елена доби многубројни честитки и поддршка од пријателите и колегите на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави