Со вчерашното отворање на продавниците и враќањето на работа на седум од десет државни службеници, се зголеми и бројот на граѓани кои го користеле јавниот превоз во Атина.
Според податоците од Министерството за транспорт на Грција, вчера бројот бил за 131 отсто поголем во споредба со 27 април 2020 година, односно последниот понеделник додека беа во сила рестриктивните мерки и забраната за движење, јави дописничката на МИА од Атина.
Во текот на вчерашниот ден, биле поништени вкупно 597.773 билети во атинското метро, во автобусите, тролејбусите и трамвајот.
Од надлежното Министерство велат дека и покрај зголемениот број патници, првиот ден од втората фаза од планот олабавување на мерките, помина без проблеми, а мнозинството од граѓаните ги почитувале прописите – носеле маски и одржувале растојание.