Индијците повторно се восхитуваа на врвовите на Хималаите поради падот на емисиите на јаглерод диоксид

Емисиите на јаглерод диоксид во Индија паднаа за прв пат по четири децении, делумно благодарение на карантинот воведен поради коронавирусот, се вели во студијата објавена на британската веб-страница Carbon Brief.

Намалената побарувачка на електрична енергија и конкуренцијата од обновливи извори ја ослабнаа побарувачката за фосилни горива 12 месеци пред пандемијата да ја погоди Индија, но ненадејното воведување мерки за изолација на 25 март го забрза падот на емисијата на CO2, според анализата на „Carbon Brief“.

Емисијата на СО2 падна уште во март за околу 15 проценти и можно е во април да падне за 30 проценти.

Во последните неколку недели, Индијците повторно се восхитуваа на врвовите на Хималаите, бидејќи можеа да се видат на оддалеченост од стотици километри поради намалувањето на загадувањето. Покрај воздухот се прочистиле и реките.

Погледот на Хималаите особено ги воодушевува жителите на Пенџаб во северна Индија затоа што овој грандиозен планински венец сега е видлив од оддалеченост од повеќе од 200 километри, поради мало загадување на воздухот предизвикано од воведувањето на карантин во земјата за борба против коронавирусот.

Жителите на градот Јаландхар, а особено младите луѓе кои никогаш не ја виделе планината Дауладхар без покривка од смог, велат дека природата се лекува поради воведување на карантин – затворање на фабрики и прекин на сообраќајот.

Треба да знаете
Последни објави