Очигледен е стравот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски од тотален пораз на парламентарните избори кои следат. И повеќе од очигледни и прочитани се сите нивни обиди на изнаоѓање на начини на манипулација на граѓаните преку лажни вести и соопштенија.
Очајот во ВМРО-ДПМНЕ е толку голем што оваа партија буквално забега со лажните вести и конструирани сценарија.
Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ лажните вести да ги темелат на дезинформации и шпекулации, но овој пат отидоа чекор понатаму што лагите ги темелат на сведоштва како оние на Мицкоски, се видов не се видов, го „поткрепам” па не „поткрепам” Договорот.
Ноторна лага е дека против претседателот Зоран Заев се води каква било истрага надвор од државата, ВМРО-ДПМНЕ безобразно лаже.
Граѓаните никогаш нема да го заборават режимското владеење на ВМРО-ДПМНЕ базирано на лаги и конфликти, нема да го заборават деструктивното однесување на Мицкоски во време на криза и оттука е стравот на оваа партија од пораз на изборите кога и да се случат и оттука поривот секојдневно да пласираат лажни вести.
Колку и да се обидуваат, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да се спасат од соочување со граѓаните и извесниот изборен пораз што ги чека.