Кина: Мерките против епидемијата се уште не може да се релаксираат

Кинеската здравствена администрација денеска соопшти дека повторното појавување на локални жаришта на коронавирусот во последниве денови наметнува мерките против епидемијата сè уште да не може да бидат релаксирани.

– Иако напорите за спречување и контрола на коронавирусот се нормализирани, тоа не значи дека може да дојде до олабавување на мерките, рече Ми Фенг, портпарол на Националната комисија за здравство.

Кинескиот град Вухан вчера го пријави првиот случај на заразен со коронавирус откако градот беше отворен пред еден месец.

Треба да знаете
Последни објави