Адвокатите на загинатиот пилот Ара Зобајан тврдат дека тој не е виновен за несреќата на хеликоптерот во која загинаа девет лица, меѓу кои и Коби Брајант, јави Си-Ен-Ен.
– Во судскиот документ се наведува дека сите повреди и штети настанати при падот на хеликоптерот биле предизвикани од невнимание и вина на патниците кои биле свесни за ризикот, изјави братот на обвинетиот пилот Берг.
„Невниманието на патниците е фактор што најмногу придонесе за штетата и повредите на лицата во хеликоптерот по неговиот пад, за што обвинетиот не е одговорен”, се наведува во документот.
Документот е одговор на тужбата од сопругата на Брајант, Ванеса, што нејзината адвокатка ја поднесе на 24 февруари, еден ден откако се одржа меморијална служба за познатиот кошаркар и неговата ќерка Џиана.
Ванеса за смртта на нејзиниот сопруг и ќерка, како и за останатите патници, ја обвини компнијата во чија сопственост е хеликоптерот и пилотот кој управувал со него.
Адвокатите на обвинетиот пилот истакнаа дека тој не влијаел ниту имал право да влијае на однесувањето на патниците и побараа обвинувањата да бидат отфрлени.
Во тужбите на претставниците на другите патници кои загинаа во несреќата, обвинета е компанијата, но не и пилотот.
Следниот датум за судење сè уште не е одреден.