Лапорта ако ги добие претседателските избори во Барселона ќе го врати Гвардиола на „Камп Ноу”

Поранешниот претседателот на актуелниот шпански фудбалски првак Барселона, Жоан Лапорта објави дека има намера да се кандидира за претседател на клубот.

Тој рече дека е „охрабрен” од можноста повторно да ја предводи Барса. Лапорта информира дека подготвува документи за изборите во 2021 година и дека во случај на победа, сака да го врати на „Камп Ноу“  трофејниот стратег Пеп Гвардиола, кој сега работи со Манчестер сити.

– Јас многу би сакал да го видам Гвардиола да се врати, но сега тој е во Сити и тој мора да ја донесе оваа одлука самостојно. Пеп е репер за Барселона и многу Каталонци би сакале повторно да го видат како тренер, кажа Лапорта во интервјуто за „ТВ3″.

Лапорта беше претседател на Барселона од 2003 до 2010 година.

Треба да знаете
Последни објави