Повеќе од еден ипол милион луѓе оздравеле од коронавирус во светот. Над 4,2 милиони се заразени, а над 287.000 починаа.
Истовремено, расте глобалната загриженост од нов бран, на што предупредуваат и најновите податоци од Франција, каде се забележани речиси четири пати повеќе починати и двојно повеќе нови случаи, откако почна ублажувањето на мерките во оваа земја.
Иако во округот Аламеда во Калифорнија се уште важи забраната за отворање на фабриките, првиот човек на компанијата „Тесла“, Илон Маск најави дека работниците денеска ќе почнат да работат.
Tesla is restarting production today against Alameda County rules. I will be on the line with everyone else. If anyone is arrested, I ask that it only be me.
— Elon Musk (@elonmusk) May 11, 2020
Маск објави на Твитер дека лично ќе биде на работното место и ако дојде полиција да го уапси прво него. Властите во округот соопштиле дека разговарале со лидерите на компаниите, но дека за сите важат истите правила.
Калифорнија ги попушти забраните воведени за време на епидемијата, но окрузите автономно спроведуваат одлуки.
Ризиците од прераното отворање на земјата денеска ќе бидат во фокусот на владиниот состанок во САД. Високиот претставник на здравствениот систем на САД, Ентони Фаучи, во Сенатот предупреди на можните последици од предвременото отворање на економијата, нагласувајќи дека тоа би можело да доведе до непотребни закани и смрт, објави „Њујорк тајмс“.