Општина Ѓорче Петров информира дека е отстранета надгробната плоча од асфалтот на улица „31“ во Волково, откако во медиумите денеска се појавија фотографии од необичниот инцидент.
-Плочата денеска е отстранета. Станува збор за тенденциозен и монтиран случај. Гребениот асфалт е поставен на почетокот на декември 2019 година и досега никој не ја пријавил. Ниту службите кои извршуваат секојдневна работа во тој дел од Ѓорче Петров ја забележале. Свесни сме дека тенденцијата е да се одвлече вниманието од големите капитални проекти на кои во моментов работиме и ги завршуваме. Останува дилема како нашите служби рачно и без механизација ја отстранија, ако стои веќе подолго време длабоко во гребениот асфалт, велат од Општината.