Приведен за семејно насилство избегал од ПС Бит Пазар скокајќи низ прозорец

Скопјанец завршил во болница, откако бегајќи од притвор скокнал низ прозорец во ПС Бит Пазар, каде завршил откако го нападнал својот татко, информираше МВР.

-На 11.05.2020 околу 20.15 часот во СВР Скопје, Ж.Ф. од Скопје пријавила дека нејзиниот брат Д.Ф.(31) физички го нападнал нивниот татко И.Ф.(62). По пријавата Д.Ф. бил приведен во Полициската станица Бит Пазар. Во просторијата во која бил сместен скокнал и успеал да скрши прозорско стакло, при што се самоповредил, велат од МВР.

Тој бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави