Владата донесе план за попуштање на рестриктивните мерки, како просец кој ќе се одвива во три фази согласно развојот на епидемиолошката состојба- рече Спасовски.
Меѓу секоја фаза ќе следува преглед и проценка на актуелната ситуација и одново одлука, за тоа дали се исполенти условите да се продолжи олабавувањето на мерките во секоја следна фаза, рече на денешната прес-конференција, претседателот на Владата, Оливер Спасовски.
Првата фаза, рече Спасовски, е тековно функционирање на стопанските дејности, во време на прогласена вонредна состојба и ограниченото движење на населението со постепено намалување на времето за забрана на движење.
-Втората фаза, како транзициона фаза, е иницијално воспоставување на работните активности, со почитување на препорачани мерки со цел спречување на ширењето на ковид-19. И третата фаза, која предвидува потполно враќање на редовиот работен просец, со почитување на мерките за лична хигиена и физичко дистанцирање. Ова значи дека дури и во третата фаза, нашите обврски ќе продолжиме да ги извршуваме во поинакви услови, согласно новата реалност, со што новото секојдениве станува наша нова нормалност. Тоа не треба да се гледа како нешто страшно, чудно, туку како неопходно за нашето здравје- рече Спасовски.
Предлогот за олабавување на рестриктивните мерки и тој Предлог-план предвидува, во оваа недела да се отворат и да се вратат во функција: центрите за едукација, обука, семинари на возрасни, организација на седници и на органи за управување, конференции, авто-школи, испитни центри, спортски тренинзи на отворено за индивидуални спортови, тенис, спортски и други обложувалници преку шалтер без угостителска дејност и затворени трговски центри, односно молови, исто така без угостителска дејност како и центрите за рехабилитација на слух, говор и глас, кои целосно ги подготвија капацитетите.