На 10.05.2020 во 18.10 часот било пријавено дека на булевар Јане Сандански, мотоцикл „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од Г.Ѓ.(28) од Скопје, паднал на коловозот.
По незгодата, мотоциклистот и сопатникот Л.Ј.(26) од Скопје биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде им биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.